Halloween 2019

Истражувајки ја тиквата…🎃се запознавме и со празникот Ноќ на вештерките (Halloween) каде таа ја има главната улога. Направивме колачиња, украсни изработки па сите заедно се маскиравме и се забавувавме.

Недели на кодирање 5-20 Октомври

Недели на кодирање 5-20 Октомври, 2019 година. Учениците од прво и четврто одделение работеа на проекти поврзани со кодирање и роботика под менторство на наставничката Теодора Ингилизовска. Овие проекти се поддржани од Европската комисија и се со цел да се внесе кодирање, програмирање и роботика во наставата. Наставникот и учениците добија сертификати.

Code week 2019

Code week 2019 (Европска недела на кодирање) во нашето училиште. Учениците од шесто и седмо одделение оваа година учествуваа во Европската недела на кодирање  (Code Week 2019). Беа вклучени сите ученици со разни активности подготвени од наставничката по Информатика Биљана Тримческа. Учениците изработија повеќе изработки на компјутер како креирање на едукативни игри со програмскиот јазик…

Eколошка акција

На 02.10.2019 год. во периодот од 11:00-12:00 часот во ООУ „Ѓорѓија Пулевски” се реализираше еколошка акција со учениците за чистење на училишниот двор организирана од ЈП Комунална хигиена Скопје и Општина Аеродром.

Oдобрени три гранта од програмата Еразмус+

ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ почетокот на учебната година го одбележа со одобрени три гранта од програмата Еразмус+ насловени „Жив свет за среќни генерации“, „Не трошете, заштедете, Земјата е ваша“, на кои координатор е одделенскиот наставник м-р Ана Петровска и „Учиме преку игра“ на кој координатор е одделенскиот наставник  Добрила И.Дуковска.