Државниот натпревар по македонски јазик и литература
На државниот натпревар по македонски јазик и литература, ученичката Андреа Ѓореска , под менторство на наставничката по македонски јазик Ана Стамболиска, го освои второто место.
Едукативна работилница, учениците од II -3 oдд. изработуваaт овошје и зеленчук
Истражувајки ја тиквата…🎃се запознавме и со празникот Ноќ на вештерките (Halloween) каде таа ја има главната улога. Направивме колачиња, украсни изработки па сите заедно се маскиравме и се забавувавме.
Недели на кодирање 5-20 Октомври, 2019 година. Учениците од прво и четврто одделение работеа на проекти поврзани со кодирање и роботика под менторство на наставничката Теодора Ингилизовска. Овие проекти се поддржани од Европската комисија и се со цел да се внесе кодирање, програмирање и роботика во наставата. Наставникот и учениците добија сертификати.
Code week 2019 (Европска недела на кодирање) во нашето училиште. Учениците од шесто и седмо одделение оваа година учествуваа во Европската недела на кодирање (Code Week 2019). Беа вклучени сите ученици со разни активности подготвени од наставничката по Информатика Биљана Тримческа. Учениците изработија повеќе изработки на компјутер како креирање на едукативни игри со програмскиот јазик…