На ден 10.09.2020 во просториите на ООУ„ Ѓоргија Пулевски“ се одржа состанок на претставници од Црвен крст на Република Северна Македонија –Општинска организација Кисела Вода и директорот на училиштето на која беа презентирани активностите кои ќе се имплементитераат во рамките на проектот “Социјална инклузија на ученици со посебни потреби“ во период септември-декември 2020 година.
Проектот има за цел да ја подигне свеста кај учениците од училиштето и нивните родители за сецифичните потреби со кои се соочуваат дел од нивните соученици. Низ низа од работилници водени од страна на стручно лице со поддршка на волонтери на Црвениот крст, ученици од осмо одделение ќе изработуваат сетови од дидактички материјали наменети за полесно совладување на наставниот процес на учениците со посебни потреби од прво и второ одделение. Проектот ќе овозможи учениците од прво и второ одделение со посебни потреби да се чувствувуваат поприфатени во новата средина а воедно кај учениците од осмо одделение да се подигне свеста за различностите и да се зајакне толеранцијата и емпатија кон своите соученици.
Проектините активности ќе се заокружат со трибина за врсничко насилство со акцент на насилство врз деца со посебни потреби и со јавен настан за одбележување на Mеѓународен ден на лицата со посебни потреби- 3ти Декември ,за кога е предвидена подготовка на посебна програма со уметничка изведба на учениците кои се дел од проектот.