Вторник, 14 мај 2019 учениците од IX-1 одд. по предметот Унапредување на здравјето, подготвија истажувачко-едукативна презентација на тема “Болести на зависности”.
Темата e актуелна за оваа возрасна група, така што учениците направија повеќе анкети во училиштето и надвор од него, поврзани со прашања околу користење на цигарите, алкохолот, нездравата исхрана и технологијата. Добиените резултати ги анализираа и ги претставија преку графици, кои беа презентирани пред соученици од други одделенија, директорот, наставниците и стручната служба. Алармантната состојба околу актуелната тема, укажа на потребата од итно превземање соодветни мерки од институциите. На крај на презентацијата беа поделени флаери на присутните.