Марија Биковска од ООУ Ѓорѓија Пулевски Аеродром, Скопје добитник на награда ,,Најдобар наставник во поранешна Југославија “
Светот на образованието ги брише границите
Прекрасна енергија, размена на идеи, едукативно и инспиративно дружење на Третата Балканска образовна акредитирана конференција ,,Светот на образованието ги брише границите “ организирана од Асоцијацијата на најдобри наставници одржана на 31.10 -2.11 2019 во Белград со учество на околу 400 наставници од сите простори на шесте држави од бивша Југославија.
АНН ЕX JУ е асоцијација на наставници формирана од висококвалитетни лидери од образованието спремни да ги обединат сите наставници ентузијасти и лидери од сите држави од просторот на бивша Југославија. Тие се спремни со заеднички сили да ги афирмираат и мотивираат најдобрите наставници да ја менуваат сликата на образованието на овие простори со регионално вмрежување и подобрување на образованието во целина.
- Задоволство е да се биде дел од ова семејство на наставници ентузијасти и реформатори. За мене е огромна чест што ја добив оваа титула.
За да се стекнам со оваа титула потребно беше да ги исполнам условите и критериумите поставени од страна на Асоцијацијата на најдобри наставници кои за мене лично се потврда за досегашниот вложен труд и напорна работа од областа на образованието. Наградата за мене е мотив и поттик за уште поголемо залагање во понатамошната работа со учениците.
Со гордост оваа титула ја носам во мојата држава, мојот град, моето училиште кое ми овозможи да го дадам својот максимум во работата.