Денес учениците од II 1 при ООУ Ѓорѓија Пулевски -Скопје го одбележаа
ENO – ENVIRONMENT ONLINE, FINLAND 29 ноември 2019 г. за Меѓународен ден за заштита на Земјата, со „Писмо до Земјата“ и поговорки како да ја чуваме и заштитиме.
ЕNOArt – светлина за земјата
27 земји – 27 фенери подготвени и чекаат да дадат светлина.
Денес ќе ја префрлиме светлината за Земјата и за сите живи суштества што страдаат и можеби се со изгубена надеж.
Светлината е надеж, придружете ни се во вашите мисли. На Земјата и треба многу светлина.