Во периодот од 11-15.11.2019 година, во рамки на Еразмус+ проектот “LIVABLE EARTH FOR HAPPY GENERATION” се реализира првата мобилност во партнер-училиштето во Анталија, Турција.
На оваа средба од нашето училиште присуствуваа координаторот на проектот, наставникот м-р Ана Петровска и наставникот Љубинка Стојановска. Мобилноста имаше за цел лично меѓусебно запознавање на координаторите и дел од наставниците кои се во проектниот тим од сите земји учеснички во проектот и договор за проектните активности што следат. Секоја земја учесник ги презентираше своите убавини, културата, знаменитостите, но и еколошките проблеми со кои се соочува. Учесниците учествуваа на работилница за изработка на еколошки производи, разменуваа идеи и предлог мерки за спречување на уништувањето на животната средина. Имаа можност да го осознаат образовниот систем, начинот на работа и разменат искуство со колегите во земјата домаќин, а воедно да ги посетат културните знаменитости во Анталија и околните места, како и со дел активности кои се практикуваат во училиштето.