На 30 мај 2020 на Интернет ќе се одржи онлајн инаугуративна глобална конференција „Амбасадор Т4“, посветена на пост COVID-19 образованието во светот. 50000 наставници од 67 земји од светот во сабота, ќе бидат дел од светската.#T4Conf со Кирстен Томпсон Абхилаша Синг Ешли Стивенс Коен Тајмерс, Викас Пота. Викас Потас е светски признат лидер во секторите на образованието меѓународниот развој, филантропија и технологијата. Наставници од сите страни на светот ќе говорат за искуствата и натамошните предизвици со кои се сретна образованието со почетокот на глобалната пандемија COVID-19.
Марија Биковска е претставник од нашето училиште и амбасадор на оваа конференција.
Начинот на живот за повеќето луѓе беше нарушен поради глобалната пандемија COVID-19. Затворањето на училиштата од почетокот на кризата влијаеше како врз наставниците, така и врз родителите, а најмногу погодени беа самите ученици.
Наставниците се и ќе бидат од суштинско значење за време на кризата, во текот на подолг прекин како и во периодот на закрепнување од неа. Никој не може со сигурност да каже колку долго ќе трае пандемиската криза или што ќе се случува во идниот период со образованието. Она што се знае е дека во глобални размери образованието нема да се врати скоро на она што се вика „старо“ нормално образование, какво што го познававме до денес..
Токму затоа се организира и оваа конференција, која е предводена од наставници и која е посветена на наставниците, за да даде одговор на прашањето како ќе изгледа образованието во блиска и подалечна иднина.
Сите учесници ќе се стекнат со звањето Амбасадор Т4 кои пак, ќе се стекнат со важни информации за пост ковид образованието, ќе добијат значка и сертификат како и графички пакет за нивното медиумско претставување на социјалните мрежи.
Оваа он лајн конференција ќе се одржи во сабота, на 30 мај 2020 година на интернет страницата https://www.t4event.one и на #T4Conf, од 14 до 19 часот по средноевропско време