Во нашето училиште ,,ООУ Ѓорѓија Пулевски”-Аеродром, се одбележа – Недела на информатика со реализирање на повеќе активности во кои учествуваа учениците од одделенска настава под раководство на наставничката Марија Биковска.
Учениците преку креативен, забавен и интересен начин доаѓаа до решавање на дадените задачи. Поделени во групи тие соработуваа, се договараа и уживаа во реализацијата на активностите. Првиот ден работеа во парови каде со пишување на алгоритми го пронаоѓаа патот до фигурата која беше нивна цел. Наредните денови изработуваа активности кои опфаќаа: Движења според дадени насоки, ориентација во простор, сложувалки, откривање загатки и насоки, ленти и логички редослед на настани, откривање на патека за излез од лавиринт, вовед во кодирање, дадени насоки во табела, дешифрирање. Преку обиди и грешки доаѓаа до вистинското решение.
Целта беше воведување во основите на програмирање, побудување интерес и мотивација кај учениците. Низ игра да дојдат до решавање на проблем. Најдобро се учи преку игра, по пат на обиди и грешки, искуствено учење, така знаењата стануваат трајни, а децата развиваат вештини за самостојно учење. Играта станува забавна, а знаењата трајни. Тоа е најдобар начин на учење.
Извештајот за реализираните активности е достапен на официјалната веб страница на неделата на информатиката.