Code week 2019 (Европска недела на кодирање) во нашето училиште.
Учениците од шесто и седмо одделение оваа година учествуваа во Европската недела на кодирање (Code Week 2019). Беа вклучени сите ученици со разни активности подготвени од наставничката по Информатика Биљана Тримческа. Учениците изработија повеќе изработки на компјутер како креирање на едукативни игри со програмскиот јазик Scratch. Учеа критички да размислуваат преку актвиности без употреба на дигитални уреди, Сите учесници како и менторот и училиштето добија сертификати за учество.
На овие активности предводени од организаторот наставник Биљана Тримческа како Leading Teacher, се приклучија и помалите ученици со разни активности, и настанот беше промовиран преку социјалните мрежи како и во другите училишта во општината.
Учениците се забавуваа и учеа да кодираат преку игра.
Европската недела на кодирање е движење на пошироко членство со цел промовирање на кодирањето како креативно и забавно, секој може да се приклучи без разлика дали има искуство со кодирање или не. Кодирањето преку разни активности Ве учи на компјутерско размислување, решавање на проблеми, креативност, критичко размислување, поврзување на луѓето и тимка работа.