Ученикот Никола Стојковски од V-2 одделение учевствуваше на манифестацијата “Ноември-месец на науката” 2019 година која се одржа на ПМФ и ја доби првата награда на тема Прости и сложени броеви. Ментор му беше Марија Здравеска. Исто така учество зема и Теодора Стојковска ученичка од III-1 од областа математика и се стекна со сертификат заедно со ментор Билјана Ефтова.
Ученикот Матеј Лозаноски IX-3 учествуваше на манифестацијата ” Ноември-месец на науката” и во експерименталниот дел на натпреварувањето освои втора награда.