Нашето училиште ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ Аеродром од оваа учебната година 2019/20 како партнер е вклучено во Еразмус+ проект со наслов „Не трошете, заштедете, Земјата е ваша“, каде што како цели се поставени: подигање на свеста на локално, национално и меѓународно ниво за зачувување на чиста и здрава животна средина, рационално користење на природните ресурси и рециклирање со цел зачувување на чиста и здрава средина. Овој проект ќе овозмoжи мобилност на наставен кадар и ученици, мобилности во неколку европски земји, но и ние ќе бидеме домаќини на една мобилност, интернационален настан. Преку проектот ќе имаме можност да ја претставиме земјата, општината и училиштето, нашето знаење и досегашна работа, а воедно и да се здобиеме со ново знаење и вештини, но и да бидеме домаќини, да го посетат нашето училиште и земја.