„Училишта на 21 век“ е амбициозна тригодишна програма за образование вредна 10 милиони фунти, која е дизајнирана и спроведена од Британскиот совет и финансирана од владата на Обединетото Кралство.
Спроведувана во партнерство со релевантни образовни институции во секоја земја, програмата има за цел да им овозможи на еден милион ученици од Западен Балкан на возраст од 10-15 години да стекнат вештини за критичко размислување и решавање проблеми. Покрај учењето вештини за критичко размислување и решавање проблеми, децата ќе научат и практични вештини за програмирање и ќе имаат можност да ги практикуваат своите вештини преку физички компјутери.
Како дел од програмата, секое училиште на Западен Балкан ќе биде снабдено со голем број micro:bit уреди – џебни компјутери на кои децата можат да програмираат и да ги користат за различни предмети за решавање на секојдневни проблеми. Тоа им овозможува на учениците да учат на забавен, интерактивен и иновативен начин.
Нашето училиште е исто така беше дел од оваа програма. Беа организирани повеќе обуки за примена н КРРП (Критичко размислување и решавање на проблеми) во образовниот процес и онлајн обуки за користење на уредот micro : bit. Учество зедоа повеќе наставници од различни наставни подрачја.
Дел од обуката и извршена дисеминација на другите наставници преку менторство предводено од Георгина Димова – наставник и обучувач преку Бирото за развој на образование и Британскиот совет.