Драги ученици и родители,
Денес, Среда 18.03.2020 се реализираше состанок во општина Аеродром во врска за онлајн настава во сите училишта во општината од I-во до IX-то одделение. Донесена е одлука да се реализира преку платформата Google Classroom која може да се користи нормално преку компјутер (лаптоп), но и преку мобилен телефон како и таблет, каде што треба да се симне (инсталира) преку Google Play. Се што треба како за почеток да направиме е доколку некој ученик нема GMAIL да си креира, а и секој класен раководител да им соопшти на родителите да им креираат email, доколку немаат бидејќи влезот во платформата е само преку gmail. Во текот на утрешниот ден ќе ви испратиме подетални информации, исто така и Tutorial.
Со почит,
Марјан Јовановски
Директор на
ООУ,,Ѓорѓија Пулевски“,