Erasmus+
Иновативни методи во образованието и дигитална трансформација
Erasmus+ KA122-SCH | 2022 – 2023
Во периодот од септември 2022 до август 2023 година, нашето училиште „Ѓорѓија Пулевски“ успешно го реализираше својот прв Erasmus+ проект од програмата KA122-SCH – краткорочни мобилности за ученици и наставници во училишното образование.
Проектот беше насочен кон модернизација на наставниот процес и рофесионален развој на наставниците преку примена на иновативни методи на учење и дигитални алатки. Главна цел беше секој наставник да стекне практични вештини и да интегрира најмалку две современи наставни стратегии во своите часови – како што се обратно/комбинирано учење, проектно-базирано учење, користење на ИКТ и гејмификацијафика.
Клучни активности
- Десет наставници учествуваа на 10-дневна обука во Анталија, Турција, организирана од CEKDEV International Education and Development Academy.
- Обуката опфати работилници, примери од добра практика и активности за развој на дигитални компетенции.
- Реализирана беше дисеминација во нашето училиште, каде учесниците ги споделија стекнатите знаења и искуства со останатите наставници и вработени
Постигнати резултати
- Зголемена примена на дигитални технологии во наставата.
- Подобрена мотивација и ангажираност кај учениците.
- Подготвени наставни планови, е-портфолија и промотивни материјали.
- Зајакната меѓународна соработка и видливост на училиштето.
- Подигната свест кај целиот наставен колектив за примена на иновативни методи.
Влијание
Со овој проект,училиштето направи значаен чекор кон дигитална рансформација и интернационализација, создавајќи наставен кадар кој е подготвен да одговори на предизвиците на 21 век. Проектот придонесе за зголемување на квалитетот на наставата, развој на критичко и креативно размислување кај учениците и подобрување на имиџот на училиштето како современа и иновативна образовна институција.
„Учиме преку игра" — Apprendre par le jeu
Erasmus+ KA229 | 2019 – 2022
ООУ „Ѓорѓија Пулевски” беше дел од меѓународен Erasmus+ проект за стратешко партнерство помеѓу училишта од пет европски земји: Франција, Романија, Унгарија, Литванија и Северна Македонија. Проектот, финансиран со 18.430 евра, тргна од убедувањето дека играта е витална потреба за секое дете – исто толку важна колку јадењето и спиењето.
Главна цел беше да им се понуди на учениците можност да учат додека се забавуваат, преку игри и дигитални алатки специфични за секоја земја-учесничка, со истовремено јакнење на европскиот идентитет и комуникацијата на странски јазик.
Реализирани мобилности
Романија – Баја де Фиер
(ноември 2019)
Наставниците присуствуваа на работилници за иновативни педагошки практики, набљудуваа спортски и театарски игри со деца, посетија споменици на културата и учествуваа на тркалезна маса отворена за родители и локалната заедница.
Унгарија – Таб
(септември 2021)
Работни сесии со математички игри, музички методи по Кодали, интерактивни игри во одделенија и презентација на методот „Мозгаскота” – уникатен унгарски метод за учење преку движење. Посета на езерото Балатон и етнографски збирки.
Литванија – Вилнус
(ноември 2021)
Богата програма со дигитални образовни алатки: програмирање со Bee-bot роботчиња, QR-кодови во наставата, Pixel Art, фотонски роботи и изработка на виртуелни книги. Посета на Тракаи и УНЕСКО-локалитетот Кернаве.
Северна Македонија – домаќини
(април 2022)
ООУ „Ѓорѓија Пулевски” беше домаќин на меѓународната делегација. Партнерите присуствуваа на часови по македонски јазик, математика со роботот DASH и природни науки — сите реализирани преку игра. Организирана беше работилница за народни носии, а гостите ги посетија кањонот Матка, Куќата на Мајка Тереза и Охрид со неговите историски знаменитости. Покрај педагошката размена, неделата беше и вистинско претставување на македонската култура и традиција. Завршниот ден беше посветен на финална евалуација, доделување сертификати и Еуропаси.
Франција – Барбента
(јуни 2022)
Финалната мобилност ги опфати активностите: „Математичка прошетка” по Монтесори методот, „Escape game”, медитација во учење, работилница „Излези во планините” и посета на Паркот на Космосот и Планетариум.
Резултати од проектот
Наставниците стекнаа нови методи на учење преку игра, развија дигитални компетенции и ги збогатија своите часови со активности кои поттикнуваат критичко размислување, тимска соработка и социјални вештини кај учениците. Финален производ од проектот е брошура со примена на игри во наставата. Сите активности се документирани и споделени на eTwinning платформата.
ООУ „Ѓорѓија Пулевски“
Бул. „Јане Сандански‘‘ бр.27 А ,
Општина Аеродром – Скопје, 1000
02 2444-415
ou-gjorgjijapulevski-aerodrom@schools.mk
gpulevski@yahoo.com