Skip to content

Erasmus+

Иновативни методи во образованието и дигитална трансформација

Erasmus+ KA122-SCH | 2022 – 2023

Во периодот од септември 2022 до август 2023 година, нашето училиште „Ѓорѓија Пулевски“ успешно го реализираше својот прв Erasmus+ проект од програмата KA122-SCH – краткорочни мобилности за ученици и наставници во училишното образование.
Проектот беше насочен кон модернизација на наставниот процес и  рофесионален развој на наставниците преку примена на иновативни методи на учење и дигитални алатки. Главна цел беше секој наставник да стекне практични вештини и да интегрира најмалку две современи наставни стратегии во своите часови – како што се обратно/комбинирано учење, проектно-базирано учење, користење на ИКТ и гејмификацијафика.

Клучни активности

  • Десет наставници учествуваа на 10-дневна обука во Анталија, Турција, организирана од CEKDEV International Education and Development Academy.
  • Обуката опфати работилници, примери од добра практика и активности за развој на дигитални компетенции.
  • Реализирана беше дисеминација во нашето училиште, каде учесниците ги споделија стекнатите знаења и искуства со останатите наставници и вработени

Постигнати резултати

  • Зголемена примена на дигитални технологии во наставата.
  • Подобрена мотивација и ангажираност кај учениците.
  • Подготвени наставни планови, е-портфолија и промотивни материјали.
  • Зајакната меѓународна соработка и видливост на училиштето.
  • Подигната свест кај целиот наставен колектив за примена на иновативни методи.

Влијание
Со овој проект,училиштето направи значаен чекор кон дигитална  рансформација и интернационализација, создавајќи наставен кадар кој е подготвен да одговори на предизвиците на 21 век. Проектот придонесе за зголемување на квалитетот на наставата, развој на критичко и креативно размислување кај учениците и подобрување на имиџот на училиштето како современа и иновативна образовна институција.

„Учиме преку игра" — Apprendre par le jeu

Erasmus+ KA229 | 2019 – 2022

ООУ „Ѓорѓија Пулевски” беше дел од меѓународен Erasmus+ проект за стратешко партнерство помеѓу училишта од пет европски земји: Франција, Романија, Унгарија, Литванија и Северна Македонија. Проектот, финансиран со 18.430 евра, тргна од убедувањето дека играта е витална потреба за секое дете – исто толку важна колку јадењето и спиењето.

Главна цел беше да им се понуди на учениците можност да учат додека се забавуваат, преку игри и дигитални алатки специфични за секоја земја-учесничка, со истовремено јакнење на европскиот идентитет и комуникацијата на странски јазик.

Реализирани мобилности

Романија – Баја де Фиер
(ноември 2019)

Наставниците присуствуваа на работилници за иновативни педагошки практики, набљудуваа спортски и театарски игри со деца, посетија споменици на културата и учествуваа на тркалезна маса отворена за родители и локалната заедница.

Унгарија – Таб
(септември 2021)

Работни сесии со математички игри, музички методи по Кодали, интерактивни игри во одделенија и презентација на методот „Мозгаскота” – уникатен унгарски метод за учење преку движење. Посета на езерото Балатон и етнографски збирки.

Литванија – Вилнус
(ноември 2021)

Богата програма со дигитални образовни алатки: програмирање со Bee-bot роботчиња, QR-кодови во наставата, Pixel Art, фотонски роботи и изработка на виртуелни книги. Посета на Тракаи и УНЕСКО-локалитетот Кернаве.

Северна Македонија – домаќини
(април 2022)

ООУ „Ѓорѓија Пулевски” беше домаќин на меѓународната делегација. Партнерите присуствуваа на часови по македонски јазик, математика со роботот DASH и природни науки — сите реализирани преку игра. Организирана беше работилница за народни носии, а гостите ги посетија кањонот Матка, Куќата на Мајка Тереза и Охрид со неговите историски знаменитости. Покрај педагошката размена, неделата беше и вистинско претставување на македонската култура и традиција. Завршниот ден беше посветен на финална евалуација, доделување сертификати и Еуропаси.

Франција – Барбента
(јуни 2022)

Финалната мобилност ги опфати активностите: „Математичка прошетка” по Монтесори методот, „Escape game”, медитација во учење, работилница „Излези во планините” и посета на Паркот на Космосот и Планетариум.

Резултати од проектот

Наставниците стекнаа нови методи на учење преку игра, развија дигитални компетенции и ги збогатија своите часови со активности кои поттикнуваат критичко размислување, тимска соработка и социјални вештини кај учениците. Финален производ од проектот е брошура со примена на игри во наставата. Сите активности се документирани и споделени на eTwinning платформата.

© 2026 ООУ „Ѓорѓија Пуелвски“ - Скопје. Сите права задржани

Изработено од учениците на

ithink academy