Skip to content

Соопштенија

Конкурс за првенец на генерација 2025/2026

Право на учество имаат ученици од деветто одделение кои ги исполнуваат следниве условиː

–     да имаат континуиран одличен успех
–    да имаат континуирано примерно поведение
–    да покажуваат примерен однос во училиштето и надвор од него
–    да немаат изречени педагошки мерки
–    да имаат учество и освоено место на училишни натпревари  (интерни-училишни, општински, регионални, државни, меѓународни)
–     да имаат освоено награди, дипломи, признанија,благодарници
–     да имаат учество и освоено место на конкурси и спортски натпревари во име на училиштето

Предлог (номинација) за ученик на генерација може да даде одделенскиот раководител, предметен наставник, стручен соработник или самиот ученик.
Учениците кои ги исполнуваат горенаведените услови да се обратат кај класните раководители за дополнителни информации и помош при подготовка на документите.

Потребните документи да се достават до педагошката служба секој работен ден од 09:00 -13:00 часот во период од 11- 29.05.2026година.

Документите да содржат ː

      Пријава до комисијата
–      Копии од свидетелства од VI до IX одделение
–      Копии од дипломи, пофалници, благодарници и сл.

© 2026 ООУ „Ѓорѓија Пуелвски“ - Скопје. Сите права задржани

Изработено од учениците на

ithink academy