E-Twinning
Зајакнување на образованието зa граѓанство и еТвининг училиштата
ООУ „Ѓорѓија Пулевски” земаше активно учество на меѓународниот eTwinning настан одржан во Ниц, Франција, преку своjата наставничка Добрила И. Дукоска. Настанот окупира над 100 наставници од цела Европа – од Грција, Хрватска, Бугарија, Германија, Шпанија, Унгарија и многу други земји – со заедничка тема: зајакнување на образованието за граѓанство во eTwinning училиштата.
Во текот на двата дена, учесниците разменуваа искуства и дискутираа за начините на кои училиштата можат да поттикнат инклузивност, демократско учество и критичко размислување кај учениците, истовремено градејќи нови контакти за идни заеднички проекти. Нашата претставничка подготви презентација за македонскиот образовен систем и претходните eTwinning проекти на училиштето, придонесувајќи активно во меѓународната размена на добри практики.
По враќањето, стекнатите знаења и искуства беа споделени со целиот наставен колектив преку дисеминација во училиштето, со цел инспирирање на нови пристапи во секојдневната настава.
ООУ „Ѓорѓија Пулевски“
Бул. „Јане Сандански‘‘ бр.27 А ,
Општина Аеродром – Скопје, 1000
02 2444-415
ou-gjorgjijapulevski-aerodrom@schools.mk
gpulevski@yahoo.com