Skip to content

За нас

Основни податоци за контакт со службеното лице за посредување со информации

Согласно обврските што произлегуваат од член 8 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 101/2019), имателот на информации – ООУ „Ѓорѓија Пулевски “, за службени лица кои посредува при остварувањето на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер ги определи следново лице :

Лејла Тафил – секретар
Телефон: 02/2444-415
контакт e-mail: gpulevski@yahoo.com

Начин на поднесување на барање за пристап до информации (начин на поднесување усно и писмено барање за пристап до информации, како и барање поднесено по електронски пат)

Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер овозможува пристап до информации од јавен карактер што ги создава или со кои располага ООУ „Ѓоѓија Пулевски“, согласно член 10 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, со исклучок на информациите наведени во член 6 од истиот Закон.

Барателот пристапот до информацијата може да го бара усно, писмено или во електронски запис, при што барањето поднесено во електронска форма се смета
за писмено поднесено барање. Писменото Барање може да се поднесе до ООУ „Ѓорѓија Пулевски “ непосредно во архивата; преку пошта на адреса на ООУ „Ѓорѓија Пулевски “ (Бул. Јане Сандански бр. 27 А , 1000 Скопје), како и да се поднесе во електронска форма (преку е-маил: gpulevski@yahoo.com ).

Барањето за пристап до информација од јавен карактер може да се поднесе на утврдениот Образец на Барање (даден подолу) или на обичен лист хартија, но на истото барателот е должен да наведе дека станува збор за Барање по основ на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Барателот не е должен да го образложи барањето.

Во случај кога барањето е поднесено од страна на овластен полномошник, кон барањето треба да биде приложено уредно полномошно. Кога барателот бара пристап до информација со усно барање, службеното лице составува записник за тоа.

Барањето исто така може да се достави во онлајн формат на slobodenpristap.mk

Подносителот на барањето може да се информира за сите прашања од интерес поврзани со остварување на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, кај службеното лице:
Лејла Тафил – секретар
Телефон: 02/2444-415
контакт e-mail: gpulevski@yahoo.com

© 2026 ООУ „Ѓорѓија Пуелвски“ - Скопје. Сите права задржани

Изработено од учениците на

ithink academy