Активности – ENO Environment Online

Предводени на најдобриот наставник во нашето училиште и во бивша Југославија Марија Биковска со учениците од II  одделение зедоа учество во многу проекти меѓу кои и “Light for the Earth” , “Plant a tree for peace”, “Climate agreement of schools” преку Environment Online – ENO.

My magical dust

,,My magical dust,, е меѓународен проект за образовна технологија во кој учествуваат 15.000 ученици од цел свет. Проектот и активностите се одвиваа-ONLINE и траеја март, април и мај 2018-2019 година. Сите ученици и наставникот се наградени со меѓународен сертификат. Децата соработуваа со изработки и активности со други деца од светот.

Унапредување на здравјето – “Болести на зависности”

Вторник, 14 мај 2019 учениците од IX-1 одд. по предметот Унапредување на здравјето, подготвија истажувачко-едукативна презентација на тема “Болести на зависности”. Темата e актуелна за оваа возрасна група, така што учениците направија повеќе анкети во училиштето и надвор од него, поврзани со прашања околу користење на цигарите, алкохолот, нездравата исхрана и технологијата. Добиените резултати ги…

Училишта на 21 век

„Училишта на 21 век“ е амбициозна тригодишна програма за образование вредна 10 милиони фунти, која е дизајнирана и спроведена од Британскиот совет и финансирана од владата на Обединетото Кралство. Спроведувана во партнерство со релевантни образовни институции во секоја земја, програмата има за цел да им овозможи на еден милион ученици од Западен Балкан на возраст…