Oдобрени три гранта од програмата Еразмус+

ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ почетокот на учебната година го одбележа со одобрени три гранта од програмата Еразмус+ насловени „Жив свет за среќни генерации“, „Не трошете, заштедете, Земјата е ваша“, на кои координатор е одделенскиот наставник м-р Ана Петровска и „Учиме преку игра“ на кој координатор е одделенскиот наставник  Добрила И.Дуковска.